IFS – СЕРТИФИКАТ – МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА ХРАНА
Придржувајќи се цврсто до мотото „Квалитетот и безбедноста на производите се наша движечка сила.“ и постојано инвестирајќи во инфраструктурата, технологијата и кадарот во фабриката, „Дим-Комерц” стана единствена фабрика во Македонија која го има заокружено процесот од примарно па сѐ до секундарно производство, или поточно „Од семка до готов производ”.
Нашето мото е:
КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА ПРОИЗВОДИТЕ СЕ НАША ДВИЖЕЧКА СИЛА
Дим-Комерц ДООЕЛ од Валандово е основан во 1992 година и од тогаш бележи врвен развој и раст, како во производството така и во технологијата.
Градот Валандово се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија. Гевгелиско-Валандовскиот регион е еколошка средина позната во светот, која изобилува со чиста и здрава храна.
До 2000 год. „Дим-Комерц“ се занимаваше само со трговија, а од Мај истата година одлучи да влезе во поголема инвестиција и да прерасне во производствен капацитет за преработка на овошје и зеленчук. Компанијата има дипломирани технолози, машинисти и добро обучени производни работници кои се насочени кон потребите на купувачот. Што се однесува до побарувачката, од страна на коминтентите бележи врвни резултати на полето на иновации во производниот програм од стручните лица, кои секојдневно го следат трендот на побарувачката на потрошувачите.
Целта на „Дим-Комерц” е секогаш да биде пред купувачот, да му овозможи да стекне доверба за квалитетот на производот. Развојот на фирмата кон потребите на пазарот е секоја година поголем, не само во производството туку и во технологијата. При изградбата на производствениот погон применети се најновите стандарди во однос на употребуваниот градежен материјал, изолацијата, отворите за осветлување и вентилација, како и машинскиот погон.
Производствената опррма е набавена од реномирани светски производители.
Во 2011 година, за да се заокружи процесот „Од семка па до краен производ“, компанијата инвестираше во сопствени оранжерии со цел произведување на свежа и квалитетна суровина за сопственото производство. Благодарение на таа инвестиција, „Дим-Комерц” е единствена фабрика во Македонија која го има заокружено процесот од примарно па сѐ до секундарно производство, или поточно „Од семка до готов производ”.
Основна дејност на фирмата е производство и преработка на еколошко чисти конзервирани производи од овошје и зеленчук.
– маринирани производи од зеленчук во стаклена и лимена амбалажа од 200мл. до 5л.
– печен програм од различен зеленчук во стаклена амбалажа од 200мл. до 1,5л.
– ајвари (домашен,индустриски)
– компоти од разно овошје
– сладко од разно овошје
– џемови
Производите на „ДИМ-КОМЕРЦ“, освен на домашен и балкански пазар, пласирани се и во Америка, Австралија, Европа.
Најголемиот дел од своите производи, „ДИМ-КОМЕРЦ“ ги пласира на странските пазари, со однапред склучени договори. Извозната ориентација наметнува и реална потреба од исполnување на барањата и условите кои ги поставуваат консументите во тие земји, а едно од нив е и имплементација и сертификацииа на системот за управување со квалитетот и безбедноста на храната согласно IFS стандардот.
Фабрика за преработка на овошје и зеленчук